Започнува петтиот циклус на едукативниот проект "Студентска берза"
четврток, 01 октомври 2009
Петтиот циклус на проектот „Студентска берза„ започнува со реализација денеска. Преку проектот „Студентска берза„ кој е во организација на Македонската берза студентите на универзитетите во Република Македонија ќе можат своите теоретски познавања практично да ги применуваат при виртуелното тргување со хартии од вредност.
 
Петтиот циклус на проектот „Студентска берза„ ќе трае од 01.10.2009-31.05.2010 година, а по завршувањето на истиот Македонската берза за прв пат ќе го прогласи и најуспешниот универзитет во проектот на годишно ниво. И оваа година на најуспешните учесници на месечно и годишно ниво ќе им се доделуваат пригодни награди.
За повеќе информации околу проектот посетете ја веб страницата http://www.studentskaberza.com.mk/