Недела на Funderbeam

                                                                                                                

 

                                                               Недела на Funderbeam

 

Македонската берза во рамките на настанот „Недела на Funderbeam“ организира отворени денови за подетално запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam.


Преку воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа crowdfunding платформа, преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој, стана полесно достапна и на македонскиот пазар. Потенцијални корисници на оваа платформа во делот на македонските компании се исклучиво правните лица кои не се основани како акционерски друштва. Со оглед на големата важност на прашањето на развојот на малите и средни претпријатија, активностите на Берзата во овој домен добија официјална поддршка и од УСАИД Македонија, во рамки на активностите на Проектот за развој на деловниот екосистем. 


Во период од 01.07. (понеделник) до 05.07. (петок) со закажување на состанок во просториите на Берзата ќе имате можност:

  • Да дознаете што е Funderbeam,
  • Да се запознаете со начинот на функционирање на платформата Funderbeam,
  • Да ги дознаете можностите кои ги нуди платформата за инвеститорите и компаниите


Вашиот интерес за посета Ве молиме да го потврдите кај Каролина Каровска Божиноска на тел. 02 3122 055 или преку електронската пошта karolina@mse.org.mk

Ве очекуваме!