13-та Годишна конференција на Македонската берза
На 4-ти мај 2012 година во Скопје се одржа 13-тата по ред годишна конференција на Македонската Берза. И оваа година конференцијата беше место на кое бројни претставници на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Република Македонија, котираните компании, државните и регулаторни институции, како и експерти од областа на хартии од вредност дискутираа за актуелните состојби и ги анализираа трендовите на пазарот на капитал во земјата и пошироко.
Конференцијата беше отворена со воведните обраќања на Заменикот на Претседателот на Владата на РМ и Министер за финанасии на РМ, М-р Зоран Ставрески, Гувернерот на Народната банка на РМ, М-р Димитар Богов и Главниот извршен директор на Македонската берза, г-дин Иван Штериев.
Министерот за финансии Зоран Ставрески Гувернерот на НБРМ Димитар Богов Главен извршен директор на М.берза Иван Штериев
Говорот на Гувернерот Богов можете да го преземете на следниов линк.
Говорот на Директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк.
Во текот на работниот дел на конференцијата, низ организирани дебати и панел дискусии, можеа да се чујат размислувањата на реномирани домашни и странски експерти во врска со глобалните и локални макроекономски состојби и нивната рефлексија на пазарите на капитал, иднината на бизнис-моделите на берзите, како и нивните видувања за значењето и улогата на пост-трговската инфраструктура во националното и прекуграничното тргување со хартии од вредности. Присутните имаа можност да ги проследат говорите и презентациите на директорите на берзите во Турција, Словенија и Бугарија, директорот на Централниот депозитар за хартии од вредност на Хрватска, Главниот извршен директор за стратешки инвестиции во инвестициската банка Морган Стенли и Главниот консултант одговорен за берзански солуции од NYSE Euronext.

Панел дискусии
Во рамките на 13-та Годишна конференција на Македонската берза, Претседателот и Главен извршен директор на Инстанбулската берза г-дин Ибрахим Турхан и Главниот извршен директор на Македонската берза г-дин Иван Штериев потпишаа Меморандум за разбирање. Главната цел на овој Меморандум е продлабочување и унапредување на веќе воспоставената соработка помеѓу двете берзи.
Потпишување на Меморандумот за разбирање
Потпишувањето на овој Меморандум претставува израз на заеднички интерес и волја на двете берзи за воспоставување поблиска билатерална соработка во повеќе области: размена на информации помеѓу двете берзи, промоција на националните пазари преку организирање на заеднички настани, размена на искуства и know-howоколу тргувањето со хартии од вредност и надзорот над тргувањето, котацијата, утврдувањето и порамнувањето.

Македонската берза по петти пат ги додели признанијата за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза – “Кристално ѕвоно“ и за најдобар научно-истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност.
Наградата “Кристално ѕвоно“ ја доби Алкалоид АД Скопје, а добитник на наградата за надобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност беше г-нот Милан Елисковски.
На 13-та годишна конференција на Македонската берза што се оджа на 04 мај 2012 година во хотелот Александар Палас во Скопје, по петти пат беше доделена наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
Доделена награда за најдобар истражувачки труд
Изборната комисија во состав проф. Д-р. Михаил Петковски, претседател на Комисијата, проф. Д-р. Јане Миљовски, доц. Д-р. Сашо Арсов, Иван Штериев и Илчо Лазарески воспостави интерни критериуми за оценка на квалитетот на поднесните трудови, критериуми кои претставуваат и стандард во меѓународната академска практика:
• Релевантноста, односно актуелноста на темата – предмет на истражувачкиот труд;
• Методолошкиот пристап користен при изработката на истражувачкиот труд;
• Иновативноста на истражувачкиот труд и
• Применливоста на резултатите од истражувачкиот труд во практиката во Република Македонија, односно неговиот апликативен дел.

Врз основа на овие критериуми Комисијата едногласно оцени дека трудот кој заслужува да ја добие наградата за најдобар труд од областа на пазарот на хартии од вредност за 2011 година е трудот на авторот Милан Елисковски под наслов
“Макроекономски детерминанти за развој на пазарот на капитал во Република Македонија“.
“Макроекономски детерминанти за развој на пазарот на капитал во Република Македонија“.
Доделување на наградата за најдобар истражувачки труд
Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата за најтранспарентно котирано друштво за 2011 година ‘Кристално ѕвоно’
Во насока на продолжување на воспоставената пракса на Берзата за доделување на годишна награда „Кристално ѕвоно” на најтранспарентното котирано акционерско друштво во Република Македонија,за време на одржувањето на 13-та годишна конференција на Македонската берза по петти пат беше доделена оваа награда.
Согласно методологијата за доделување на наградата „Кристално ѕвоно” и бодирањето на секој член на петте целни групи за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза за 2011 година се избра АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.
Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ за 2011 година
Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ за 2011 година
Извештајот за изборот на најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје во 2011 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории и просечните оценки на секоја целна група поодделно, можете да го преземете на следниов линк.