Aлкалоид, Комерцијална банка и Македонски Телеком добитници на наградата Кристално ѕвоно за 2017 година
среда, 09 мај 2018
Во рамките на деветнаесеттата годишна конференција на Берзата што се одржа на 4-ти мај во Охрид, Македонската берза по единаесетти пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 107 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2017 година. 

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2017 година се избраа:
 

I место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
II место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
III место МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ


Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје

Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Комерцијална банка  АД Скопје

Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2017 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.