Јавна опомена за котираните друштва Агроплод АД Ресен, Идевелоп АД Скопје и Трудбеник АД Охрид
понеделник, 08 јуни 2020

На седницата одржана на 15.04.2020 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација:

  • Агроплод АД Ресен, поради тоа што друштвото не објави образложение кон неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2019 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2018 наместо најдоцна до 01.03.2019 година ги објави на 18.03.2019 година и неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 наместо најдоцна до 01.03.2018 година ги објави на 16.03.2018 година;
  • Идевелоп АД Скопје, поради тоа друштвото не објави неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2019 година, целосните материјали за собрание на акционери наместо најдоцна до 29.06.2019 година ги објави на 05.07.2019 година и неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2018 година наместо најдоцна до 01.03.2019 година ги објави на 04.03.2019 година  и
  • Трудбеник АД Охрид, поради тоа друштвото неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година ги објави на 29.01.2019 наместо најдоцна до 31.08.2018 година, неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година го објави на 29.01.2019 година наместо најдоцна до 15.11.2018 година и неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2019 година ги објави на 01.04.2020 година наместо на 01.03.2020 година