Јавна опомена за котираните друштва Карбо Нова АД Крива Паланка, Благој Туфанов АД Радовиш и Велестабак АД Велес
петок, 07 април 2017

На седницата одржана на 13.03.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на подсегментот Задолжителна котација:

·       Карбо Нова АД Крива Паланка заради ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2015 година, ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2016 и необјавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2017 година.

·       Благој Туфанов АД Радовиш заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот за периодот 01.01.-30.06.2016 година, неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2016 година и необјавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2017 година.

·      Велес табак АД Велес заради ненавремено објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2015, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2016 и необјавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2017 година