Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции на котирани компании на 06.10.2005
петок, 07 октомври 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 06.10.2005 година следново котирано друштво изврши откуп на сопствени акции:
-Тетекс АД Тетово изврши откуп на 112 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 06.10.2005 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на сопствени обични акции и тоа:
-19 сопствени обични акции, по цена од 5.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-50 сопствени обични акции, по цена од 5.100 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-19 сопствени обични акции, по цена од 5.250 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 06.10.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Агроплод АД Ресен – 5 обични акции,
-Алкалоид АД Скопје – 220 обични акции,
-Жито Битола АД Битола – 124 обични акции.