Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 03.02.2006
понеделник, 06 февруари 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 03.02.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 821 сопствени обични акции по цена од 33 денари за една акција, преку 3 трансакции;
На 03.02.2006 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 10 сопствени обични акции, по цена од 5.910 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 03.02.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-ОХИС АД Скопје - 149 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје – 70 обични акции,
-Отекс АД Охрид – 159 обични акции.