Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции на котирани компании на 05.10.2005
четврток, 06 октомври 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 05.10.2005 година следново котирано друштво изврши откуп на сопствени акции:
-Градежен институт Македонија АД Скопје изврши откуп на 1.000 сопствени обични акции, по цена од 5.100 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
На 05.10.2005 година ЗК Пелагонија АД Битола изврши продажба на сопствени обични акции и тоа:
-15.899 сопствени обични акции, по цена од 362 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-459 сопствени обични акции, по цена од 450 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 05.10.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Интертрансшпед АД Скопје - 13 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 3 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 13 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 294 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 435 обични акции,
-РЖ Техничка контрола АД Скопје – 5 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 108 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје – 20 приоритетни акции