Сопствени акции: Скопски пазар АД Скопје-откуп, Алкалоид АД Скопје-продажба
среда, 06 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
- На 05.10.2004 година Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 20 сопствени обични акции, по цена од 2.700 денари за една акција, преку една трансакција;
- На 06.10.2004 година Алкалоид АД Скопје изврши продажба на 10.280 сопствени обични акции, што претставува 0,79% од основната главнина на друштвото.
Продажбата на сопствените акции е извршена преку една блок трансакција пријавена по цена од 2.016 денари за една акција, при што вкупната вредност на трансакцијата изнесува 20.724.480 денари.