Јавна опомена за котираните друштва АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје, Дебарски бањи Цапа АД Дебар и Благој Туфанов АД Радовиш
вторник, 05 ноември 2019

На седницата одржана на 08.10.2019 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација:

  • АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје, поради тоа што друштвото не објави известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.- 31.12.2017 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2018 и истите ги објави на 14.03.2018 година наместо најдоцна до 01.03.2018 година, не објави известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.- 31.12.2018 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2019 и истите ги објави на 15.03.2019 година наместо најдоцна до 01.03.2019 година, и не ги објави неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2019 година;
  • Дебарски бањи Цапа АД Дебар, поради тоа што неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.- 31.12.2016 година ги објави на 16.03.2017 година наместо најдоцна до 01.03.2017 година, задоцни со објава на дел од материјалите за собрание на акционери (ревидирани финансиски извештаи за 2018 година) и истите ги објави по одржување на Собранието на акционери како и образложенито кон неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.- 30.06.2019 го објави на 20.09.2019 година наместо најдоцна до 02.09.2019 година и
  • Благој Туфанов АД Радовиш, поради тоа што друштвото не ги објави неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2018 година, неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2019 година и неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2019 година