IV Регионална инвеститорска конференција на пазарите на капитал од Југоисточна Европа - 05 ноември 2009 година, Виена, Австрија
среда, 04 ноември 2009
(Скопје, 04 ноември 2009) 19 компании од Југоисточна Европа ќе учествуваат на регионалната инвеститорска конференција за време на која ќе се одржат 100 „еден на еден„ состаноци со австриски и меѓународни инвеститори
 
Raiffeisen Centrobank AG заедно со берзите од Југоисточна Европа (Бањалучката, Белградската, Љубљанската, Македонската, Монтенегро берзата, NEX берзата, Сараевската и Загребската берза) ги поканија инвеститорите и компаниите на четвртата Регионална инвеститорска конференција на пазарите на капитал од Југоисточна Европа што ќе се одржи на 05 ноември 2009 година во Виена. На настанот ќе присуствуваат 50 австриски и меѓународни инвеститори.
 
„Благото опоравување на пазарите на капитал предизвика значителен пораст на интересот на институционалните инвеститори за поголем проток на информации. Од тие причини,на нашите клиенти им нудиме платформа за поинтензивна комуникација„ истакна г-нот Michael Spiss, член на Одборот на директори на Raiffeisen Centrobank AG која е коорганизатор на овој настан. Вкупно 19 компании од Југоисточна Европа ја прифатија поканата за учество на настанот и можноста да се претстават пред стручната инвеститорска заедница. За време на настанот се планирани да се одржат 100 „еден на еден„ состаноци.
 
За време на конференцијата ќе се претстават следниве компании:
 
Македонија: Алкалоид, Гранит и Комерцијална банка.
Србија: Енергопроект холдинг, Сојапротеин, Тигар и Комерцијална Банка Белград.
Хрватска: Институт ИГХ, Ериксон Никола Тесла, Атлантик Група и ХТ-хрватски телекомуникации.
Словенија: Меркатор, Осигурување Триглав, Нова КБМ и Телеком Словенија.
Босна и Херцеговина: Клас и Телеком Српске.
Црна Гора: 13. јул. Плантажи и Црногорски Телеком.
 



Раководството на берзите од регионот