|
|
На 28.07.2006 година амбасадорот на САД во Република Македонија, г-ѓа Џилијан Миловановиќ, заедно со своите соработници, оствари работна посета на Македонската берза АД Скопје.
Во рамките на посетата амбасадорката Миловановиќ разговараше со раководството на Македонска берза АД Скопје, при што беше информирана за функционирањето на Македонската берза, нејзината организациона поставеност, а особено за начинот на тргување преку БЕСТ системот за електронско тргување со хартии од вредност. Воедно, главниот извршен директор на Берзата, г-дин Иван Штериев, ја информираше амбасадорката Миловановиќ за моменталниот амбиент во кој функционира македонскиот пазар на хартии од вредност, актуелните трендови, остварените трговски резултати во првата половина од 2006 година, како и за заложбите и плановите на Берзата во наредниот период.
Амбасадорката Миловановиќ нагласи дека добрите перформанси на Берзата во изминатиот период се за поздравување и дека ваквиот развој претставува позитивен сигнал за поефикасно функционирање на пазарните принципи во македонската економија. Амасадорката изрази уверување дека овој тренд ќе продолжи, за што свој придонес треба да дадат сите институции на пазарот на хартии од вредност, коишто, како и досега, ќе имаат подршка од Владата на САД.