Согласно определбите на Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје за континуирано следење на состојбите на пазарот на хартии од вредност, на седницата одржана на 28.11.2008 година Одборот на директори донесе одлуки со кои се воведуваат следните измени и дополнувања во врска со ценовните ограничувања:
-
Во периодот од 01.12.2008 (понеделник) заклучно со 03.12.2008 (среда) за сите хартии од вредност (и за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг и за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на континуирано тргување) се воведуваат дневни ценовни ограничувања (статички лимити) од +/-10%. Воедно, динамичките лимити за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на континуирано тргување изнесуваат +/-3%;
-
Започнувајќи од 04.12.2008 (четврток):
- за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг се воведуваат ценовни ограничувања од +/-20%;
- за хартиите од вредност кои се во режим на континуирано тргување остануваат ценовните ограничувања +/-10%;
-
Започнувајќи со пресметување од 04.12.2008 година сите хартии од вредност кај кои во пет последователни денови на тргување нема да се оствари тргување, на шестиот ден на тргување ќе се тргуваат без ценовни ограничувања.