Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 28.11.2005
вторник, 29 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 28.11.2005 година Тетекс АД Тетово изврши откуп на 2.597 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 28.11.2005 година Алкалоид АД Скопје изврши продажба на 11.211 сопствени обични акции, по цена од 3.225 денари за една акција, преку 5 блок трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Алкалоид АД Скопје – 530 обични акции.