Започнува нов циклус на едукативниот проект “Студентска берза“
петок, 28 септември 2007
Од 1 Октомври 2007 година започнува новиот циклус на едукативниот проект Студентска берза. Македонската берза го организира овој проект со цел проблематиката на хартиите од вредност да се приближи до студентите на високо образовните институции во Р. Македонија и да се овозможи студентите практично да ги применуваат своите знаења за инвестирање во хартии од вредност и виртуелно да тргуваат. Преку посебна интернет страница www.studentskaberza.com.mk сите заинтересирани студенти можат да пристапат до апликацијата, да се регистрираат и да креираат свое виртуелно портфолио на хартии од вредност. Проектот Студентска берза ќе трае во текот на учебната 2007/2008 година.