Јавна опомена за котираните друштва РЖ Интер-трансшпед АД Скопје, Благој Туфанов АД Радовиш, Јака 80 АД Радовиш, Агроплод АД Ресен и Велестабак АД Велес
вторник, 28 ноември 2017



На седницата одржана на 30.10.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва:

·       РЖ Интер-трансшпед АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, заради ненавремено објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 и образложението кон истите;
·       Благој Туфанов АД Радовиш, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2017 и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година;
·       Јака 80 АД Радовиш, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2015, ненавремено објавување неревидираните финансиски извештаи за периодот за периодот 01.01.-31.12.2015 година и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година;
·       Велес табак АД Велес, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2017 и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година;
·       Агроплод АД Ресен, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување.