Бетон АД Штип: Ревидиран извештај за 2004 и неревидиран БУ 01.01.-31.03.2005, Силекс АД Кратово: неревидиран БУ 01.01.-31.12.2004
петок, 27 мај 2005
Бетон АД Штип ги достави ревидираниот извештај за 2004 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2005 година. Воедно, Бетон АД Штип известува дека на седницата одржана на 20.05.2005 година Собранието на акционери на Друштвото донело одлука за распределба на дивиденда за 2004 година во износ од 50,00 денари по акција, односно вкупно 2.090.200 денари.
Силекс АД Кратово го достави неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.12.2004 година.
Извештајот и билансите може да се најдат на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.