Имајќи ја предвид осцилаторноста на пазарната цена и спецификите во тргувањето со акциите на Фершпед АД Скопје, кои што беа вклучени во индексот МБИ10 со последната редовна ревизија на индексот на 16.12.2013 година која што требаше да се имплементира почнувајќи од 30.12.2013 година, Комисијата за берзански индекс на 27.12.2013 година изврши вонредна ревизија на индексот МБИ10.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, според која што овој индекс се состои од најмногу 10 елементи, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од следните друштва: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Реплек АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје и Македонијатурист АД Скопје. Со оглед на големите ценовни осцилации и спецификите во тргувањето, Комисијата за берзански индекс заклучи акциите издадени од Фершпед АД Скопје да не се вклучат во пресметката на индексот МБИ10.
Датум на имплементација на извршената вонредна ревизија, односно датумот од кој МБИ10 ќе отпочне да се пресметуваа со новиот состав е 30.12.2013 година.
Комисијата за берзански индекс во наредниот период ќе ги следи пазарните движења и согласно пазарните услови, доколку е потребно, повторно ќе изврши вонредна ревизија на индексот МБИ10 со цел обезбедување релевантност на истиот.
Вонредна ревизија на МБИ10
петок, 27 декември 2013