Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Банка добитници на наградата Кристално ѕвоно за 2016 година
среда, 26 април 2017
Во рамките на осумнаесеттата годишна конференција на Берзата што се одржа од 20-21 април во Охрид, Македонската берза по десетти пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 109 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2016 година. 

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2016 година се избраа:
 

I место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
II место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
III место НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ


                                           

                                                                       

Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка  АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје;



Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2016 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.