Прекин на тргувањето со РМДЕН01, РМДЕН02 и РМДЕН03 на 30 и 31.05.2005
среда, 25 мај 2005
Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија број 09-14355/1 од 25.05.2005 година, на 30 и 31 Мај 2005 година (понеделник и вторник) привремено се прекинува тргувањето со Првата, Втората и Третата емисија на обврзниците за денационализација, со шифра на тргување РМДЕН01, РМДЕН02 и РМДЕН03, заради пресметка на каматата со состојба 01 Јуни 2005 година.
Тргувањето со Првата, Втората и Третата емисија на обврзниците за денационализација ќе продолжи во среда, 01 Јуни 2005 година.