Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија, на 27, 30 и 31 Март 2009 година (петок, понеделник и вторник) привремено се прекинува тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови, со шифра на тргување РМ01, заради пресметка на каматата со состојба од 1 Април 2009 година.
Тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови ќе продолжи во среда, 1 Април 2009 година (Среда).