Неревидиран Биланс на успех за 2004 година на ГИ Македонија АД Скопје, Дневен ред на Собрание на акционери, предлог-дивиденда и предлог-дивиденден календар
петок, 25 март 2005
Градежен институт Македонија АД Скопје го достави неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.12.2004 година. Билансот може да се најде на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Градежен институт Македонија АД Скопје известува дека седницата на Собранието на акционери на друштвото ќе се одржи на 26.03.2005 година (сабота) со почеток во 9:30 часот во просториите на Друштвото на ул.Дрезденска бр.52 во Скопје, со следниот Дневен ред:
I. Процедурален дел
1. Отварање на Собранието.
2. Избор на записничар.
3. Избор на верификациона комисија.
4. Избор на комисија за избор.
5. Утврдување на кворум за работа.
II. Работен дел
1. Донесување Одлука за одобрување на работата на Надзорниот одбор и Управниот одбор.
2. Донесување Одлука за измена на Статутот во согласност со новиот Закон за трговски друштва.
3. Донесување на Одлука за избор на претседавач на седницата на Собранието на акционери.
4. Донесување Одлука за утврдување на Годишната сметка за 2004 година на годишниот извештај за работата на друштвото во претходната деловна година и Извештајот на ревизорската куќа.
5. Донесување Одлука за распределба на добивката.
6. Донесување Одлука за разрешување на Надзорниот одбор и Управниот одбор.
7. Донесување Одлука за избор на Надзорен одбор и одредување месечен паушал како и други права во склад со Законот за трговски друштва.
8. Донесување Одлука за учество во добивка на Друштвото на членовите на Управниот одбор.
9. Донесување Одлука за назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка.
Градежен институт Македонија АД Скопје известува дека предложениот износ на дивиденда за 2004 година е 235,83 денари за една акција, односно 7,5% од номиналната вредност.
Предложен е следниот дивиденден календар:
- Последен ден на тргување со право на дивиденда е 06.04.2005 година;
- Прв ден на тргување без право на дивиденда е 07.04.2005 година;
- Датум на пресек на книгата на акции е 11.04.2005 година;
- Исплатата на дивидендата за 2004 година ќе се изврши во закоснки рок.