Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 24.11.2005
петок, 25 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното: На 24.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа: -586 обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 4 трансакции; -1.745 обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 10 трансакции; На 24.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 33 сопствени обични акции, по цена од 2.930 денари за една акција, преку 1 трансакција. Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): -Aлкалоид АД Скопје – 49 обични акции, -Агроплод АД Ресен – 7 обични акции.