Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 24.10.2005
вторник, 25 октомври 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 24.10.2005 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени обични акции и тоа:
-РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 1.984 сопствени обични акции, по цена од 44 денари за една акција, преку 13 трансакции;
-Тетекс АД Тетово изврши откуп на 3.098 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 24.10.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 66 сопствени обични акции, по цена од 2.970 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.10.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 313 обични акции.