Откуп, продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 21.07.2006
понеделник, 24 јули 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.07.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 290 сопствени обични акции по цена од 2.500 денари за една акција, преку 4 трансакции;
На 21.07.2006 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 100 сопствени обични акции по цена од 8.051 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.07.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Факом АД Скопје – 19 обични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 20 обични акции,
- Комерцијална банка АД Скопје – 270 обични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 163 обични акции,
- РЖ Економика АД Скопје - 19 обични акции,
- РЖ Институт АД Скопје - 5 обични акции,
- Макстил АД Скопје - 443 обични акции,
- Витаминка АД Прилеп - 77 обични акции.