Одлуки на Одбор на директори: Котација на ТТК Банка АД Скопје, декотација на Силекс Банка АД Скопје
понеделник, 24 јули 2006
На седницата одржана на 21.07.2006 година година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на акциите издадени од ТТК Банка АД Скопје, настаната со спојување на Тетовска Банка АД Тетово и Тетекс-Кредитна Банка АД Скопје. Акциите ги имаат следните карактеристики: - Издавач: ТТК Банка АД Скопје; - Број на издадени акции: 680.916 обични акции; - Номинална вредност на една акција: 1.000,00 денари; - Шифра на тргување: ТТК. Акциите издадени од ТТК Банка АД Скопје ќе се внесат на Официјалниот пазар на Македонската Берза и со нив ќе се тргува од 26.07.2006 година. Со котацијата на акциите издадени од ТТК Банка АД Скопје, престанува котацијата на акциите издадени од Тетовска банка АД Тетово и Тетекс-Кредитна банка АД Скопје. На седницата одржана на 21.07.2006 година Одборот на директори на Македонската Берза, на барање на издавачот, донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Силекс банка АД Скопје. Акциите на банката се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 26.07.2006 година. Од истиот датум со акциите на Силекс банка АД Скопје ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Македонската берза.