Јавна опомена за котираните друштва Технометал Вардар АД Скопје, Благој Туфанов АД Радовиш, Струмица табак АД Струмица и Велестабак АД Велес
четврток, 24 јануари 2019

На седницата одржана на 20.12.2018 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар :

-    Технометал Вардар АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација заради ненавремено објавување на неревидирниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.
-    Благој Туфанов АД Радовиш, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.
-    Велес табак АД Велес, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.
-    Струмица табак АД Струмица, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.