На 16 мај во Скопје во организација на Македонската берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одржа втората „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност“. Овој заеднички настан на едно место ги обедини еминентните претставници на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите, ревизорите и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.
Учесници на Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност
Конференцијата ја отвори Гувернерот на Народна банка на Р.М. Димитар Богов, а воведни обраќања имаа Елизабета Чингаровска, Претседател на Комисијата за хартии од вредост на РМ и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје.
Гувернер на НБРМ, Димитар Богов Претседател на КХВ, Елизабета Чингаровска Директор на М. Берза, Иван Штериев

Говорот на претседателката Чингаровска можете да го преземете на следниов линк
Говорот на директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк
Говорот на директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк
Во централната панел дискусија посветена на темата „ Каде оди македонскиот пазар на хартии од вредност„ своите ставови и мислења ги разменија Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка Скопје, Драган Давитков, Менаџер, PricewaterhouseCoopers, Скопје, Мирољуб Шукаров, Проректор на Универзитетот Југоисточна Европа, Антони Пешев, Претседател на Собранието на Стопанската Комора на Македонија и Горан Марковски, Главен извршен директор, КБ Публикум инвест АД Скопје, а модератор на истата беше Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност. (Презентацијата на Елена Јакимовска Петровска можете да ја преземете преку слендиов линк)
Учесници во панел дискусијата „Каде оди македонскиот пазар на хартии од вредност“
Конференцијата претставува значаен меѓународен собир на регионалните влијателни двигатели на пазарите на капитал. За имплементацијата на европските директиви на хрватскиот пазар на капитал говореше Petar-Pierre Matek, Претседател на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска. „Причините за интерното институционално реструктуирање на турскиот пазар на хартии од вредност„ низ презентација ги образложи Заменик претседателот на Истанбулска берза,Турција Cetin Ali Donmez, а за состојбите и идните развојни правци на бугарскиот пазар на хартии од вредност зборуваше директорот на бугарската берза Ivan Takev.
Од лево кон десно: Petar-Pierre Matek, Cetin Ali Donmez и Ivan Takev

Официјалниот дел конференцијаta беше заокружен со доделување на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентните котирани акционерски друштва за 2013 година и награда за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Македонската берза ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ на трите најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2013 година и тоа:
Алкалоид АД Скопје – I место
Комерцијална банка АД Скопје – II место
Македонски Телеком АД Скопје – III место
Од доделувањето на наградите „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Македонски Телеком АД Скопје

За остварувањата коишто овластените учесници на македоснкиот пазар на хартии од вредност ги имаа постигнато во вкупниот промет и вкупниот број на транскации реализирани на берзата во текот на 2013година беа наградени:
Овластени учесници:
Илирика Инвестментс АД Скопје, за освоено прво место
Иново Брокер АД Скопје, за освоено второ место
Комерцијална банка АД Скопје, за освоено трето место
Од доделувањето на наградите за најдобрите остварувања на овластените учесници во 2013 година