Прекин на тргувањето со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје во четврток, 24.03.2005 година
среда, 23 март 2005
Комерцијална банка АД Скопје ја извести Македонската берза дека на денешната седница на Собранието на акционери на Банката е донесена одлука за промена на номиналната вредност на обичните акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје од досегашните 5.000 денари на 1.000 денари за една акција. Поради тоа, Банката ќе изврши замена на постојните обични акции во сооднос пет нови за една постојна обична акција.
Имајќи го предвид наведеното, Ве известуваме дека утре, 24.03.2005 година (четврток) нема да се тргува со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје (шифра на тргување: КМБ), заради усогласување на податоците во БЕСТ системот и во ЦДХВ со новонастанатата состојба.
Тргувањето со обичните акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје ќе продолжи во понеделник, 28.03.2005 година. Поради промената на номиналната вредност, а со цел овозможување на непречено продолжување на тргувањето со овие акции, во понеделник, 28.03.2005 година, нема да се применуваат ценовни ограничува во тргувањето со истите. Ценовните ограничувања во тргувањето со овие акции ќе бидат воведени во вторник, 29.03.2005 година, во износ од +-10% од официјалната просечна цена на овие акции што ќе се формира во понеделник.