Јавна опомена за котираното друштво Нова стоковна куќа АД Струмица
вторник, 22 август 2017

На седницата одржана на 20.07.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Нова стоковна куќа АД Струмица. Мерката се изрекува заради заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување. 

Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Нова стоковна куќа АД Струмица да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.