Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 21.11.2005
вторник, 22 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-497 обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-328 обични акции по цена од 42 денари за една акција, преку 3 трансакции;
На 21.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 67 сопствени обични акции, по цена од 2.930 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 843 обични акции.