"Ние веќе извесно време размислуваме како да ја подобриме визибилноста и ефикасноста на нашите пазари, така што овој модел на соработка претставува логично решение. Среќни сме што Европската банка за обнова и развој е подготвена да го поддржи овој проект со средства од донатори наменети за проекти за развој на пазарната инфраструктура. Веруваме дека во наредните неколку недели ќе дојде до потпишување на договорот за грант и блиску сме до постигнување на конечен договор ", изјави г-ѓа Ивана Гажиќ, претседател на Управниот одбор на Загребската берза.
Г-нот Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонската берза истакна дека: “Оваа соработка ќе им овозможи на инвеститорите поедноставен пристап на овие пазари и се надеваме дека во иднина и другите берзи од регионот ќе се приклучат кон проектот.„
"Привлекување на интересот на инвеститорите од регионот е нешто кон што се стремиме и ние. Едноставноста, ефикасноста и инволвираноста на сите страни е гарант на успехот на овој проект", заклучи г-дин Иван Такев, Извршниот директор на Бугарската берза.
Следниот чекор во реализацијата на овој проект е да се создаде техничко решение за пренасочување на налозите за тргување што се планира за наредната година.