Комисијата за хартии од вредност, врз основа на член 2 став 1 точка 2 и член 153 од Законот за хартии од вредност, како и врз основа на членот 15 од Правилникот за начин и време на запишување и бришење на акционерско друштво, содржина и начин на водење, ажурирање на податоците и пристап на јавноста до Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување, изврши бришење на: AT Пролетер АД Скопје и Бетон АД Битола од Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување и изврши запишување на: Агросервис АД Скопје, Благој Туфанов АД Радовиш и ИДЕВЕЛОП АД Скопје.
Промени во регистарот на акционерските друштва на КХВ
петок, 18 јули 2008