Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата за најтранспарентно котирано друштво за 2011 година ‘Кристално ѕвоно’
петок, 18 мај 2012
Во насока на продолжување на воспоставената пракса на Берзата за доделување на годишна награда „Кристално ѕвоно” на најтранспарентното котирано акционерско друштво во Република Македонија,за време на одржувањето на 13-та годишна конференција на Македонската берза по петти пат беше доделена оваа награда.
Согласно методологијата за доделување на наградата „Кристално ѕвоно”  и бодирањето на секој член на петте целни групи за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза за 2011 година се избра АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.

  
                                                      Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ за 2011 година
Извештајот за изборот на најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје во 2011 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории и просечните оценки на секоја целна група поодделно, можете да го преземете на следниов линк.