Реплек АД Скопје е котирано друштво на Берзата кое преку Системот за електронски информации на котираните акционерски друштва на Берзата (СЕИ Нет) на 17.05. објави менаџерско обраќање во врска со ревидираните годишни извештаи на друштвото.
Веста со видеото со менаџерското обраќање на Реплек е достапна на следниот линк: https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=68390
Берзата ги поттикнува сите котирани друштва при објавата на ревидираните финансиски извештаи за 2023 година преку СЕИ-Нет да објават менаџерско обраќање и преку синтетизирани податоци и видувања за своето работење презентирани од страна на топ менаџментот да придонесат за поголема информираност на инвеститорите и јавноста.