На 15.12.2010 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексите МБИ10, МБИД и ОМБ.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Бетон АД Скопје, Реплек АД Скопје и ЗК Пелагонија АД Битола.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следниве акционерски друштва: Тутунска банка АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Стопанска банка АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, ОКТА АД Скопје, Кјуби АД Скопје и Раде Кончар АД Скопје.
Десетте избрани акции – елементи на МБИД сочинуваат над 66 % од вкупниот промет на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување во изминатиот семестар.
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Прва емисија (RMDEN01) Обврзниците за денационализација-Втора емисија (RMDEN02), Обврзниците за денационализација-Трета емисија (RMDEN03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (RMDEN04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08) и Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09).
Датум на имплементација на извршената ревизија е 30.12.2010 година.
Следната редовна ревизија на МБИ10, МБИД и ОМБ е на 15.06.2011 година.
Редовна ревизија на МБИ10, МБИД и ОМБ
четврток, 16 декември 2010