Тркалезна маса “Кризни и посткризни берзански перспективи“
среда, 15 септември 2010
По повод 15 годишнината од одржувањето на Основачкото Собрание на акционери на Македонска берза АД Скопје, на 14.09.2010 година Берзата во соработка со Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ од Скопје организираше Тркалезна маса насловена како “Кризни и посткризни берзански перспективи“. Учесниците на Тркалезната маса, истакнати експерти од областа на финансиите (г-дин Глигор Бишев, г-дин Сашо Арсов, г-дин Горан Петревски,г-дин Владимир Филиповски и г-дин Иван Штериев), разменија ставови и мислења околу состојбите и перспективите на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија и пошироко. 
 
Во рамките на овој настан беше извршено и свечено предавање на проектот и софтверската апликација Студентска берза, развиена од Македонската берза, на понатамошно администрирање од страна на Економскиот факултет Скопје. Воедно, беше прогласен и најуспешниот учесник во проектот Студентска берза за периодот 2009/2010 година.
 
За време на настанот беше извршена и кратка презентација на публикацијата “Факти за котираните компании“ која што ја изготви Македонската берза.


Учесниците на тркалезната маса


Потпишување на договорот


Доделување на наградата на Стеван Кењереш