Извештајот за изборот на најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје во 2012 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории и просечните оценки на секоја целна група поодделно, можете да го преземете на следниов линк.
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ – Добитник на наградата за најтранспарентно котирано друштво за 2012 година ‘Кристално ѕвоно’
среда, 15 мај 2013
Во насока на продолжување на воспоставената пракса на Берзата за доделување на годишна награда „Кристално ѕвоно” на најтранспарентното котирано акционерско друштво во Република Македонија,за време на одржувањето на Kонференција на македонскиот пазар на хартии од вредност по шести пат беше доделена оваа награда. Согласно методологијата за доделување на наградата „Кристално ѕвоно” и бодирањето на членовите на петте целни групи за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза за 2012 година се избра АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.