На 15.12.2011 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10, МБИД и на индексот на обврзници ОМБ.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, ЗК Пелагонија АД Битола, ТТК Банка АД Скопје и Македонијатурист АД Скопје. Следната редовна ревизија на МБИ10 е на 15.06.2012 година.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следниве акционерски друштва: Тутунска банка АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, ОКТА АД Скопје, Раде Кончар АД Скопје и РЖ Техничка контрола АД Скопје .
Деветте избрани акции – елементи на МБИД сочинуваат над 75% од вкупниот промет на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување во изминатиот семестар.
Следната ревизија на МБИД е на 15.06.2012 година.
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Втора емисија (RMDEN02), Обврзниците за денационализација-Трета емисија (RMDEN03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (RMDEN04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09) и Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10).
Според учеството на секоја обврзница-елемент на индексот во вкупното тргување со обврзници во периодот помеѓу две ревизии (16.06.2011-15.12.2011), Комисијата го утврди влијанието на секој елемент на ОМБ врз движењето на индексот, при што влијанието на ниту еден елемент не смее да надминува 30%.
Следната редовна ревизија на ОМБ ќе се изврши на 15.06.2012 година.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.12.2011 година.