Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 14.12.2005
четврток, 15 декември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 14.12.2005 година Фершпед АД Скопје изврши откуп на 137 сопствени обични акции по цена од 45.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
На 14.12.2005 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 5 сопствени обични акции, по цена од 4.706 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 14.12.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Бетон АД Скопје – 23обични акции,
-Европа АД Скопје - 2.100 обична акција.