Промоцијата на “Прирачник за корпоративно управување во македонските акционерски друштва“
четврток, 15 ноември 2007
На иницијатива на Македонската берза, а во соработка со Проектот за деловно опкружување на УСАИД во Македонија и Проектот за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација, издаден е “Прирачник за корпоративно управување во македонските акционерски друштва“, прва публикација од ваков вид објавена во Mакедонија. Промоцијата на Прирачникот се одржа на 13.11.2007 година во хотелот “Холидеј Ин“.