Ажурирана состојба на хартиите од вредност по режим на тргување од 15.09.2010 година
вторник, 14 септември 2010
Согласно Правилата за тргување на Македонската берзата АД Скопје и Одлуката за критериумите за распоредување на хартиите од вредност во еден од двата режими на тргување и соодветниот метод за класификација, Ве известуваме дека Македонската берза изврши класификација за утврдувањето на распоредите на хартиите од вредност по режим на тргување со состојба 01.09.2010 година.
Ажурираната состојба на хартиите од вредност по режим на тргување започнува да се применува од 15.09.2010 година (Среда).
 
Како и досега, ажурираната состојба на хартиите од вредност по режими на тргување може да се најде на веб страната на Македонска берза во делот Прегледи-Распоред на ХВ по режим на тргување.
 
http://www.mse.com.mk/Statistics.aspx?MenuId=12