Прва стартап конференција „Pitch. Match. Grow.“
четврток, 13 февруари 2020

Конференција е организирана од PwC Северна Македонија, во соработка со Македонска Берза, каде ќе добиете корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на вашиот проект/идеја/стартап. Учесниците на конференцијата ќе добијат одгoвори на следниве прашања:

- Каде да најдам финансирање за мојот проект/идеја/стартап?
- Како да аплицирам?
- Кој има поминато низ целиот процес и кои се неговите #TipsTricks?

Настанот ќе се одржи во хотел Мериот Хотел, Скопје на 26.02 (среда) и 27.02.2020 (четврток).

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за најновите можности за финансирање кои ги нудат инвеститорите или сакаш да добиеш инспирација од стартапи кои веќе го направиле тој чекор, аплицирај на следниот линк: https://bit.ly/36Yrxbu
Рок на аплицирање: 20.02.2020

Агенда на конференцијата

Покана за конференцијата

Поддржувачи на настанот: USAID BEP, Startup Macedonia, Скопје Мериот Хотел.

Ве очекуваме!