Јавна опомена за котираните друштва Бетон АД Скопје, Неметали Огражден АД Струмица, РЖ Економика АД Скопје и Силекс АД Кратово
среда, 10 јули 2019

На седницата одржана на 18.06.2019 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар:

  • Бетон АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација, поради необјавување на целосните материјали за Собранието на акционери во рок од два дена од денот на свикувањето на седницата
  • Неметали Огражден АД Струмица, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација поради необјавување на  известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2015 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2016 година и истите наместо на 01.03.2016 година ги објави на 03.03.2016 година, неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2018 година го објави на 31.05.2018 година наместо на 15.05.2018 година, јавниот повик за свикување Собрание на акционери наместо на 08.05.2019 година го објави со задоцнување на 14.05.2019 година и  не ги објави одлуките од Собранието на акционери најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување од страна на Собранието на акционери
  • РЖ Економика АД Скопје, друштво котирано на  на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување
  • Силекс АД Кратово, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување