Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 09.11.2005
четврток, 10 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 09.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-165 обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-1.494 обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 8 трансакции;
На 09.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 17 сопствени обични акции, по цена од 2.866 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 09.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 222 обични акции,
-Бетон АД Скопје – 47 обични акции,
-ЗК Пелагонија АД Битола – 147 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје – 130 обични акции.