Од денеска започнува реализацијата на новиот, четврти по ред циклус на едукативниот проект “Студентска берза“. Македонска берза АД Скопје во Октомври 2005 година започна со реализација на овој проект кој се организираше со цел студентите да можат практично да ги применуваат своите знаења за инвестирањето во хартии од вредност и виртуелно да тргуваат со хартии од вредност. Реализацијата на проектот беше оценета како успешна и побуди голем интерес кај студентите од универзитетите во Република Македонија. Од тие причини, Македонска берза АД Скопје и оваа година ќе продолжи со реализацијата на проектот Студентска берза кој ќе трае од 1-ви октомври 2008 година до 31-ви мај 2009 година.
За повеќе информации околу проектот посетете ја веб страницата http://www.studentskaberza.com.mk/