Водичот за ESG известување има за цел да им помогне на котираните компании на Македонска берза во врска со повеќе аспекти поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето. Со отпочнување на ESG известувањето и понатамошно континуирано унапредување на компаниските практики во оваа област ќе произлезат соодветни придобивки и за компаниите и за инвеститорите, односно за целиот пазар на хартии од вредност.
Овој Водич беше изготвен во рамките на проектот на ЕБРД за „Промоција на добри корпоративни практики и инвеститорска свесност преку зајакнување на известувањата на котираните компании поврзани со животната средина, општествената одговорност и управувањето и развој на инвестициски можности“ и странските консултанти кои беа ангажирани во овој проект.
ESG практиките и ESG известувањето се моментално една од најактуелните глобални теми и го опфаќаат односот на компаниите кон животната средина и поширокото и потесното општествено окружување во коешто делуваат, за што постои се’ поголем интерес и кај инвеститорската јавност. Новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните компании на Македонска берза ја третира оваа актуелна проблематика и на истата и’ посветува едно цело поглавје. Водичот за ESG известување, освен генерални насоки за котираните компании околу предметната проблематика, е дизајниран и како конкретна алатка за котираните компании кои ќе имаат цел да бидат целосно усогласени со новиот Кодекс за корпоративно управување.
Во продолжение Водичот за ESG известување: