Workshop "Risk Management and the board of directors"
Friday, December 3, 2010

The text is available only in Macedonian.

(Скопје 03.12.2010 година) Во организација на Македонската берза АД Скопје и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) денеска и утре се одржува работилницата “Управување со ризици и органите на управување”.

Во рамките на соработката која што Македонската берза АД Скопје ја остварува со Меѓународната финансиска  корпорација (ИФЦ) се одржува работилницата “Управување со ризици и органите на управување”.
Во секојдневното работење на компаниите, а особено во услови на криза од клучно значење е утврдувањето на ризиците и начинот на управување со истите. Улогата на органите на управување во процесот на менаџирање со ризиците е од особена важност. За време на оваа дводневна работилница, што ќе се одржи на 03 и 04 декември 2010 година во Скопје, учесниците ќе имаат можност дополнително да се запознаат со оваа вонредно важна проблематика.
Со поздравен говор на присутните им се обратија г-нот Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонската берза и г-нот Кирил Нејков, Раководител на Проектот за корпоративно управување на ИФЦ во Македонија. Работилницата ја водат Д-р Максим Гарви, IFC Вашингтон, Д-р Оливиеро Роги, Претседавач на Меќународната конференција за управување со ризици и Проф. Торбен Андерсен, Професор по стратегија и меѓународен менаџмент на Бизнис школата во Копенхаген.