Дивиденден календар на Топлификација АД Скопје
среда, 19 март 2003
Ве известуваме дека согласно Одлуката на Управниот Одбор на Топлификација АД Скопје, донесена на 19.03.2003 година, Собранието на акционери на Топлификација АД Скопје ќе се одржи на 17.04.2003 година.
Управниот Одбор на Топлификација АД Скопје предлага на Собранието на акционери да подели бруто добивка по годишната сметка за 2002 година од 5,1% од номиналната вредност на една акција.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2002 година е 28.04.2003 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2002 година е 29.04.2003 година.
Дата на пресек на книга на акционери е на 05.05.2003 година.
Дивидендата ќе се исплаќа во законски пропишаниот рок – до 30-ти Септември 2003 година.